
На оваa видео снимка можете да видите како фармерите кои целиот свој живот одгледуваат какао, за прв пат пробуваат чоколадо.
Тие работат на плантажи, ги собираат и ги сушат зрната какао, па ги продаваат на богати сопственици на фабрики. Тоа е сè што знаат за нивниот производ. Понатаму не знаат што сè се прави од нивните зрна какао и какво задоволство се произведува.
Затоа, еден ден, еден новинар решил да им однесе чоколадо и да им овозможи првпат во животот да пробаат чоколадо.
Нивните реакции се неодоливи и сигурно ќе ви предизвикаат насмевка. Истовремено е и жалосно кога ќе видите колку се трудат и работат за да ги одгледаат зрната какао, а потоа немаат шанса да го пробаат главниот производ бидејќи за нив е премногу скап.
Тие заработуваат по 7 евра, а таму чоколадото чини 2 евра, но тие прехрануваат семејства и со 15 членови.