Викендов Преспа ја посетиле 10.000 туристи

Во текот на изминатиов продолжен викенд Преспа ја посетиле околу 10 илјади туристи.

Плажите од Претор до Долно Дупени и од Отешево до Стење биле преполни.

Причини за одличната посетеност според тур-операторите се средените плажи, ниските цени, културното лето, но и вложувањата на новите концесионери во Претор и Kрани.

Сепак сметаат дека на Преспа ѝ недостигаат сместувачки капацитети иако нив, во мала мера, ги заменуваат објектите од алтернативниот туризам, кои секоја година привлекуваат повеќе гости, особено странски туристи.