Кисела Вода денеска без вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека поради дефект на водоводната мрежа, без вода се оставени неколку улици во општината Кисела Вода.

Се работи за улиците Нагоричанска и Сердарот, на кои без вода се останати денеска во 12:15 часот. Корисниците без вода ќе бидат се до санирање на дефектот.