Отворен првиот супермаркет на „фрлена храна“

Британскиот ланец на супермаркети „Сансберис“ го отвори првиот супермаркет во светот кој како извор на енергија користи храна на која и е изминат рокот на употреба.

Раководството на „Сансберис“ одлучи да докаже дека храната која завршува на ѓубриштата има многу можности за живот и надвор од контејнерите.

Супермаркетот по исталацијата на системот за претворање на биомасата во енергија по пат на анаеробна дигерстија, е исклучен од националната електронска мрежа и со овој начин на создавање на електрична енергија целосно ги задоволува енергетските потреби.

Овој ланец на супермаркети во моментов е најголемиот британски произведувач на енергија од фрлена храна, а произведува доволно струја за да би се снабдувале 2.500 домаќинства годишно.

На овој начин, како што истакнуваат од „Сенсберис“, храната на која и истекува рокот воопшто не се праќа во депонија, а компанијата е секогаш во потрага за нови начини за користење и рециклирање на секаков вид на отпад.