
Полјаците започнаа кампања на социјалната мрежа Твитер „Јадеме јаболки против Путин“, која ги повикува граѓаните со хумор да го прифатат руското ембарго на увоз на овошје и зеленчук од Полска.
Акцијата ја прифатија новинари, политичари, јавни личности, а целта е да се помогне на полските земјоделци кои се жртви на ембаргото, бидејќи Полска е светски извозник на јаболки.
Според министерството за земјоделие, Русија купува околу седум отсто од полските прехранбени производи и годишно увезвува милион тони јаболки.
Руските ветернирани служби најавија дека од денеска, први август, ќе стапи на сила забраната за увоз на овошје и зеленчук од Полска. Иако одлуката се објаснува со кршење на процедури и сертификати, во Полска се толкува како одмазда на европските санкции кон Путин.