
Поради силните врнежи кои ја зафатија Србија и причинија големи материјална штета, како и поплави во голем број на станбени објекти, прогласена е вонредна состојба во пет општини и тоа Пожаревац, Топол, Соко Бања, Болјевац и Мервеџ.
По налог на Министерството за внатрешни работи започнати со работа се локални штабови за вонредни состојби и подигнување на подготвеноста на сите кои учествуваат во спроведувањето на мерките за одбрана од поплави.
Припадниците на Секторот за вонредни ситуации при српското МВР постојано ја надгледуваат состојбата на теренот.