
Французинот Тони Паркер потпиша нов договор со Сан Антонио вреден 43,3 милиони долари.
Паркер на кого договорот со клубот му истекува идната година се обврза и во периодот 2015-2018 година да го носи дресот на „спарси“.
Французинот минатата сезона за шампионот на НБА лигата одигра во просек по 29 на натпревар и имаше ефект од 17 поени и 6 асистенции.
32-годишниот француски репрезентативец кариерата ја почнал 1999 година во Париз Баскет Рејсинг, а во Сан Антонио е од 2001 година.
МИА