
Репрезентативецот на САД, Пол Џорџ, заработи тешка повреда на ревијалниот натпревар кој го играше американскиот “дрим-тим”. Имено, при еден обид да го изблокира Џејмс Харден, Џорџ лошо доскокна при што се здоби со скршеница на ногата, поради што цели 10 минути му беше укажувана помош на самиот терен, а по што беше префрлен во една од блиските клиники.
Со оглед на тоа дека останатите играчи беа во шок по она што го видоа, беше донесена едногласна одлука последната четвртина воопшто да не се доигра.
По оваа повреда суперстарот на Индијана пејсерс ќе паузира минимум 6-8 месеци.