Силен земјотрес ја погоди Кина

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди југозападот на Кина. Од земјотресот предизвикани се прекини на телекомуникациската мрежа и снабдувањето со струја, а кај локалното население е предизвикана паника, јавува Кинеската државна телевизија ЧТВ.

Засега нема извештај за евентуални човечки жртви.

Американската геолошка служба соопштила дека земјотресот се случил на подрачјето на покраината Јунан, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

Според податоците ова е најсилниот земјотрес кој се случил во Јунан во последните 14 години.