
Португалија ќе вложи 4,9 милијарди евра за спасување на својата најголема банка, што е уште еден тест за отпорност на еврозоната во новата банкарска криза, имајќи во предвид неколку месеци по примањето на меѓународна помош на Лисабон.
Спасувањето на банката „Еспирито Санто“ (БЕС) е објавено по разговорот меѓу властите на Португалија и Европската Унија кој се случил викендов.
Според планот, БЕС ќе биде поделена на два дела и тоа „добра банка“, кој ќе го добие името „нова банка“ и „лоша банка“ која ќе ги задржи проблематичните компании, како и филијалите во Ангола.
Загубите на „лошата банка“ ќе ги преземат сопствениците на акциите, вклучувајќи го и семејството Еспирито Санто, кое има удел од 20 отсто, како и француската банка „Кредит агрикол“, која располага со акции во вредност од 14,6 отсто.
Сите штедења во БЕС ќе бидат заштитени, како и нејзините приоритетни акционери.
Португалија пред неколку месеци склучи договор за тригодишна програма за примање на помош од 78 милијарди евра од ЕУ и ММФ.