
Им се загорчи одморот на илјадници руски туристи низ грчките острови. Имено туроператорот со кој заминале на одмор во меѓувреме банкротирал, и сега нема кој да ги врати. Најголем дел од турстите се на грчките острови Кос, Крит, Крф и на Родос.
Според пишувањата на грчките медиуми хотелиерите се жалат дека нема кој да ги покрие трошоците на овие туристи.
Пропаднатиот руски туроператор е под надлежност на компанијата „Идеал тур“ кој ги купила авионските карти. Но, „Идеал тур“ должи од 35 до 70 милиони евра на „Оренер“, фирма-ќерка на државната авиокомпанија „Аерофлот“.
Бројката на руски туристи со која пекулира во медиумите е 11 илјади.