
Проектот „Заштита на трговската марка на производите од прекугранична соработка“, денеска ќе биде презентиран од Стопанската комора на Северозападна Македонија во Кичево. Проекто е финансиран од Европската унија.
Стопанската комора на Северозападна Македонија ќе го спроведе проектот во партнерство со Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија и Генералната управа за патентирање на трговски марки на Република Албанија. Требас да се реализира за 18 месеци, а е во рамките на 3-тиот Повик за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија – Програма ИПА 2007-2013.
Проектните активности ќе се реализираат во полошкиот и југозападниот регион на Македонија, а во него ќе бидат опфатени Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и Охрид од македонска страна, како и градовите Корча и Дибра од албанска страна, се вели во соопштението од Стопанската комора на Северозападна Македонија.