
На маргините на вчерашниот настан на одбележување на стогодишнината од почетокот на Првата Светска Војна во Лиеж, премиерот Никола Груевски остварил неформален разговор со британскиот принц Вилијам и со војвотката Кејт, објави телевизија Алфа.
Македонскиот премиер и членовите на британското кралско семејство поразговарале околу нашата земја при што Груевски ги поканил да ја посетат Република Македонија.