
Јапонската влада додаде 40 лица и две компании на својата листа санкционирани поедници и фирми.
Кабинетот на премиерот, Шинзо Абе потврди дека се придружува кон минатонеделните санкции кои ги донесоа членките на Г-7, како догвор на руската поддршка на сепаратистите во Украина.
Во владиното соопштение се наведув а и дека јапонските мерки се однесуваат на оние кои се директно вклучени во руските анекси на Крим и исто така се додава дека Јапонија ќе го ограничи увозот на производи од Крим.
Листата на имиња, компании и производи кои подлежат под санкции не е конелна, соопштува Токио.