Над 800 лица евакуирани од поплавите во Бугарија

Најмалку 100 градби се урнати во поплавите кои викендов го зафатија бугарскиот град Мизија. Спасувачките екипи со чамци обезбедуваат пристап на изнемоштените до поплавените домови, јавуваат од регионот.

Значителни делови од градот беа поплавени. Над 800 луѓе беа евакуирани, а билансот на почеинати засега е застанат на две лица..

Во акцијата за евакуација учествуваа стотици доброволци, тимови на Црвениот крст, полицијата и противпожарната, на кои им помагаа војници со специјализирана опрема и два хеликоптера.

Локалните жители не веруваат на информациите дека причината за несреќата се обилните дождови и излевањето реката Скот, која поминува низ градот. Тие се убедени дека вистинската причина е прелевањето на браната.

Сениор комесарот за заштита Васил Василев, шеф на кризниот штаб во погодените области соопшти дека од поплавите се уништени 32 куќи, 18 гаражата, 14 кујни и 38 земјоделски градби. Тој истакна дека ова се првични податоци, кои наскоро ќе им послужат на спасувачите, за да се упатат каде евентуално би можело да има затрупани луѓе. Василев предвиде многу поголем износ на штетите, кој може да биде оценет едвај по повлекувањето на реката. Тогаш ќе стане јасно и дали домови ќе бидат погодни за живеење.

Од денеска е забележано дека водата почнува да се повлекува.