Милан конечно победи

После трите порази Милан со 3:0 го победи мексиканскиот Чивас и со победа ја заврши американската турнеја, на која претходно „росонерите“ запишаа три порази.

Резултатот го отвори Нианг, а до полувремето Балотели со прекрасен гол од слободен удар ја дуплираше предноста на „росонерите“. Во второто полувреме конечните 3:0 ги постави Пацини.