
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнале во Берово – 67 литри на метар квадратен,32 во Куманово, 28 во Крушево, 26 во Скопје на Зајчев Рид, 13 во Тетово, девет во Крива Паланка, шест во Битола, два во Маврово и во Лазарополе.
Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд, а попладне повторно нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Повеќе врнежи се очекуваат во западните и во северните делови. Температурата ќе се движи од 24 до 30 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, а попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи до 30 степени.