
Во сабота (9 август) ќе бидат реализирани две програми од Вевчанското културно лето – 2014 год.
Во 18 часот е промоција на шесте книги „македонски народни умотворби“ од областа Голо Брдо во Албанија од Цветан Мазнику и Вита Која од Тирана. Според зборовите на двајцата собирачи на македонските народни умотворби тоа траело повеќе децении и претставува значаен фолклорен труд, за што творбите се запишани од над стотина македонци со што е сочуван автентичниот мелос и мајчиниот македонски јазик од Голо Брдо. Шесте книги претставуваат вистински драгоцен ѓердан на македонците и на нивните традиции во Албанија што е уште една потврда за нивното присуство таму.
За овој капитален издавачки проект што опфаќа над 3000 печатени страници, а е издание на здружението на македонците „Мир“ во Албанија, ќе зборуваат Ели Луческа, директор на Институтот за старословенска култура од Прилеп и Сашо Цветковски, директор на Националната установа – музеј „ д-р.Никола Незлобински“ од Струга.
Вечерта во рамките на Вевчанското културно лето ќе биде прикажан филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски