
Милитантната организација Хамас одлучи да не го продолжи седумдесетдвочасовниот прекин на огнот со Израел кој истекува утринава, а пред да истече примирјето од територијата на Газа се испaлeни две ракети на Израел.
Милитантите од појасот Газа испалија ракети на Израел само неколку минути по истекот на 72-часовниот прекин на огнот меѓу Хамас и еврјската држава без договор за продолжување, соопшти армијата.
Терористите испалија неколку ракети една по друга на јужниот дел на Изрaел. Израел е подготвен да го ублажи граничниот режим, но бара разоружување од Хамас, што оваа милитантна организација одбива.