
Албанската полиција во близината на градот Круј заплени еден тон марихуана, која била подготвена за Драч.
Полицијата во рамките на големата акција уништувала насади и во петокот уништила околу 30 илјади стебла на оваа билка, а на подрачјето на Криј и повеќе од 10 илајди, јавуваат локалните медиуми.
Останатите количини биле уништени на подрачјата на Шкрел, Валона и Пулт.
Парцелите марихуана биле откриени на тешко пристапни планински предели на терени кои немаат сопственици, туку се во сопственост на државата.