
Во несреќата која се случи на магистралниот пат Свети Николе-Штип се повредени три лица.Сите се пренесени во клиничката болница во Штип.
Според првичните информации се работи за директен судир на две возила, мазда со штипски регистарски таблички и хјундаи со светиниколски таблички, кои по судирот излетале од патот.
Несреќата се случила утрово околу 8 часот, на петљата кај Кадрифаково.
Делови од автомобилите се разлетани по коловозната лента. Овој пат е затворен за сообраќај.