
Во Турција во осум часот по локално време почна гласањето за претседател. Речиси 53 милиони избирачи ќе може да го дадат својот глас во над 160 илјади избирачки места.
Кандидати се – премиерот Реџеп Таип Ердоган од владејачката Партија на правдата и развојот, Екмеледин Ихсаноглу – заеднички кандидат на главните опозициски формации) Народнорепубликанската партија и на Партијата за национална акција) и Селјахатин Демирташ од прокурдската демократска партија на народите.
Според анкети најголеми шанси за победа уште во првиот круг има Ердоган кој е на власт од 2003 година доколку собере над 50 отсто од гласовите.
Меѓу 37 и 38 отсто се очекува да гласаат за опозицискиот кандидат и за Демирташ околу 8 отсто.
Тоа се први избори каде претседател на држава се бира со непосредно гласање. Избирачките места ќе бидат отворени до 17 часот. Вториот круг би бил на 24 август.
МИА