
Еден од најдобрите светски голмани во средината на минатиот век, Владимир Беара, југословенската легенда и поранешен член на великаните Хајдук и Црвена Звезда, почина синоќа во 85-та година од животот.
Беара во последните две години преживеа неколку мозочни удари, но последниот беше фатален. Тој е легенда на сплитски Хајдук за кого одигра 308 мечеви, освои три шампионски титули, меѓу нив и таа во 1950 година, годината кога е формирана навивачката група „Торцида“.
За каква легенда станува збор доволно говори и изјавата на рускиот легендарен голман Лав Јашин, кој при добивањето на наградата за најдобар европски чувар на мрежата изјавил: „Најдобар е Владимир Беара“.