
На Воениот аеродром во Скопје, денеска свечено ќе бидат отворени спортските натпревари по повод Денот на АРМ 18 Август.
На отворањето ќе присуствува на началникот на Генаралштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.
Во наредните два дена ќе се одржат финалните натпревари во крос трчање, мал фудбал, кошарка, одбојка, шах и пинг-понг.
Во досегашното натпреварување во сите дисциплини учество земаа над 1.500, а во утрешното натперварување учество ќе земат околу 250 припадници на армијата.