
Четворица ранети Палестинци од појасот Газа се префрлени денеска во главниот град на Турција на медицински третман, а се очекува бројот на пациенти да порасне.
„Ранетите од Газа почнаа да доаѓаат. Досега се донесени три жени и едно момче“, рече министерот на надворешни работи на Турција Ахмет Довутулгу пред новинарите во Анкара.
„Во правата фаза, планираме да донесеме во Турција околу 200 пациенти на кои им е потребно лечење“, додаде министерот објасниувајќи дека пациентите ќе бидат префрлувани со авиони во групи од по 40 луѓе, по договорот за тоа со Израел и Египет.
Минатата недела министерот рече дека Турција бара да се воспостави воздушен коридор за да можат да се евакуираат илјадници ранети Палестинци. И Ердоган го потврди овој потег во својот прв говор по победата на претседателските избори.