
Вчеравечер, во 19,45 часот, во угостителскиот објект „Ќебапчилница Чутура“ во Струмица, О.С.(29), Т.С.(29) и В.С.(46) сите од с.Баница, кои биле во алкохолизирана состојба, откако не биле послужени со алкохол со употреба на метални предмети и физичка сила ги нападнале вработените и гостите во објектот.
На дел од гостите и персоналот им нанеле видливи повреди, а оштетиле и дел од инвентарот. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поденесен соодветен поднесок.