
Петмина рудари се повредени во несреќа која се случила во погнот Распоточје, во рудникот за јаглен во Зеница, Босна и Херцеговина.
Несреќата се случила на длабочина од околу 850 метри, а причината за нејзиното настанување е најверојатно прскање на камен, што често се случува во рударските окна.
Според првичните информации, четири рудари се полесно, а само еден е потешко повреден. Но, сите од нив се надвор од животна опасност.