Франција им праќа оружје на ирачките Курди

Франција денеска соопшти дека на курдските сили во Ирак ќе им испрати оружје. Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, со пратката се излегува во пресрет на итната потреба да им се помогне на Курдите во борбата против екстремистичката организација на Исламската држава.

Оружјето ќе им биде испорачано за неколку часа, а испораката е договорена со властите во Багдад.

Шефот на француската дипломатија, Лорен Фабијус, вчера вчера повторно побара итен состанок со министрите за надворешни работи за да се разгледа испораката на оружјето на ирачките Курди кои се борат против џихадистите на северот од Ирак.

„Треба да им се помогне на Курдите, Ирачаните, да имаат сретства за да можат да пружат отпор и ако е потребно да се борат против џихадистите чија цел е да ги убијат сите оние кои не мислат како нив, како и оние кои не сакаат да се одречат од својата вера кои прво се подложуваат на мачење и системско злоупотребување“, рече Фабијус.

„Нивните цели се Ирак, Сирија, Јордан, Израел, Палестина и ништо помалку“, предупреди Фабијус, потсетувајќи дека форнтот е само на 120 километри од Багдад, град во кој има воена состојба и тенкови во секој ќош.