Двајца охриѓани оштетиле семејство за 82 илјади евра

Е.С. (59), раководител на Сектрот за комунални дејности, сообраќај и улици и З.Ш. (48), советник во Секторот за сообраќај во општина Охрид, заработија кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување.

Имено, во 2006 година, градоначалникот на општина Охрид донел решение за градење на фекална и атмосферска канализација, што требало да поминува низ приватен имот, сопственост на Џ. А. По ова, Е.С. во периодот од 2008 до 2010 година и З.Ш. од 2009 до 2012 година иако знаеле дека имотно правните односи каде што требало да поминува канализацијата не биле решени, истите изготвиле и потпишале налози да се гради водоводна и атмосферска канализација и градење на улица.

Инаку во судска постапка е утврдено дека е предизвикана вкупна материјална штета од 81.740 евра.