
Утрово, околу 2 часот по полноќ во Тетово на улицата Кумановска, настана пожар во кој целосно изгореле еден кат од куќата и покриваната конструкција.
Причината за пожарот, според Министерството за внатрешни работи, е семејна расправија меѓу Е.Б. (37), кој бил во алкохолизирана состојба и неговиот татко.