Сан Лоренцо е новиот владетел на Јужна Америка

Сан Лоренцо е новиот победник во Копа Либертадорес откако синоќа со 1-0 го совладаа парагвајскиот Национал, па аргентинскиот клуб за прв пат во својата историја го крена најпрестижниот клупски трофеј во Јужна Америка.

По нерешените 1-1 во Парагвај, Сан Лоренцо влезе како фаворит на домашен терен, успеа да ја оправда таквата улога и со 1-0 го совлада Национал.

Клучниот момент се случи во 36. минута кога Нестор Ортигоза реализираше од пенал за водство од 1-0 кое на крајот се покажа како конечен резултат. Ова е прв трофеј во Копа Либертадорес за Сан Лоренцо.

Славјето траеше до раните утрински часови низ улиците на Буенос Аирес, а победата го израдува и папата Франциско кој е фан на овој клуб.