
Едно лице загина, а 30-тина се повредени во тешката сообраќајна несреќа која утрово во 5:55 часот се случила во близина на Суботица.
До несреќата дошло кога на автопатот се превртел автобус со турски регистраски ознаки, кој превезувал главно млади лица, веројатно на екскурзија. Турскиот автобус одел за Германија, а во него имало 37 патници, од кои еден е загинат, а еден е тешко повреден. Починатото лице е жена од 50-тина години.
Според првичите и неофицијални информации, автобусот се превртел на десната страна од автопатот, а според трагите кои ги има оставено, се претпоставува дека возачот заспал. Автобусот е целосно уништен.
Од Итната Медицинска помош велат дека тие згрижиле 15 повредени, од кои две лица имаат тешки повреди. На итен прием во Општата болница во Суботица, се однесени 30-тина лица.