
Градот Скопје ги потсетува транспортните субјекти дека е во тек забраната за движење на товарни моторни возила на подрачјето на Скопје, која што важи во текот на денот, и тоа од 10 до 20 часот, заклучно со 01.09.2014 година.
Сообраќајната полиција, во соработка со градските инспектори и Центарот за управување и контрола на сообраќајот, врши засилени контроли на терен дали се почитува забраната за движење на тешки товарни возила по градските улици. Сите субјекти што не го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим се санкционираат, се казнуваат и се пренасочуваат за движење по скопската обиколница. Овие контроли ќе продолжат и во наредниот период, до завршувањето на забраната за движење.
Оваа мерка Градот Скопје ја воведе за да се заштити коловозот од оштетувањa предизвикани од големата тежина на товарните моторни возила, во услови на високи дневни температури во текот на летото.
Градот Скопје ги замолува сите учесници кои управуват тешки товарни возила да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат на воведениот сообраќаен режим.