
Руската забрана за увоз на намирници од земјите од Европската Унија, по првите проценки на Земјоделската комора на Австрија, предизвикале штета досега од 4,5 милиони евра.
„Тоа се однесува на намирниците кои се произведени за рускиот пазар и сега се наоша во складовите, односно беше на пат кон Русија“, вели австрискиот министер за земјоделство, Андрам Рупречтер.
Австрија губи, а според неговите зборови, скоро половина од својот агарен извоз кој е наменет за Русија.
Минатата година Австрија во Русија извезла земјоделски производи во вредност од 240 милиони евра, со тенденција за пораст, бидејќи на рускиот пазар се зголемила побарувачката на австриско свинско месо, кое е погодено со санкциите.
Австрија не губи само еден важен пазар, туку и се заканува и опаѓање на цената на земјоделските производи во ЕУ, а вкупната загуба во моментов не може да се процени.