
Централниот регистар на Македонија и во следниот период ќе продолжи со релизација на низа проекти, се со цел подобрување и поедноставување на услугите за корисиниците, рече во интервјуто за порталот Курир в.д. директорот Андреа Поповски.
Наскоро, како што нагласи Поповски, ќе започне да функционира проектот „Тендерско досие“, што претставува имплементација на еден нов процес на издавање на пакет документи во постапките за јавни набавки, како и проектот е-лизинг, со кој се заокружува третата компонента од проектот „Едношалтерски систем“ .
Со измените во Законот за стечај во идниот период ќе се реализира и проектот за рамноправна распределба на сетачјните постапки, кој исто така е дел од предвидени проекти во Програмата на Владата на Р.Македонија .
Инаку, Централниот регистар на Македонија беше најдобро рангирана државна институција според неодамнашната анкета спроведена од страна на Министерството за информатичко општество и админситрација.
На 11-ти овој месец, Министерството за информатичко општество и администрација ги објави резултатите од спроведените истражувања од Анкетата на задоволство на граѓаните и Таен клиент во одредени државни институции, ќе може ли да ни кажете нешто повеќе за Централниот регистар како една од испитуваните институции во оваа анкета?
– Да, како што веќе кажавте Министерството за информатичко општество и администрација ги објави резултатите од спроведените истражувања. Истражувањата беа имплементирани во периодот јуни – јули 2014 година, преку спроведување на: анкета за мерење на задоволството на граѓаните, таен клиент и таен клиент преку телефонски јавувања. Сето ова се спроведуваше според методологијата Барометар на квалитетот на институциите, каде што Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја спроведува втора година по ред, а има за цел воведување на стандардизирано мерење на квалитетот на институциите и нивно рангирање согласно добиените резултати. Според добиените резултати, граѓаните оваа година се најмногу задоволни од севкупната работа на Централниот регистар, кој е оценет со највисока оценка (5) од 51 отсто од испитаниците. Минатата година, Централниот регистар, доби награда – Признание за квалитет, согласно методологијата утврдена со Барометарот за квалитет меѓи институциите, циклус 2013, а наградата беше врачена од страна на Премиерот г-дин Никола Груевски. Исто така, пред два дена, одржавме работна средба со Министерот за информатичко општество и администрација, Г-дин Иво Ивановски, каде што констатиравме дека Централниот регистар има напредок во однос на минатата година, а како резултатат на активностите кои ги преземавме во текот на годината, накратко ќе ги набројам истите: беше изработен акциски план за надминување на мали утврдени недостатоци, се изготви листа на предлог мерки, како и листа на приоритети за елиминирање на недостатоците во канцелариите, беа спороведувани обуки за деловна коресподенција и професионален однос што ќе овозможат подобар контакт со клиентите, се изработија регулативи, како и директиви што ги унапредија деловните процеси во Централниот регистар, се спроведоа повеќе анкети наменети за клиенти, како и многу други активности кои овозможија Централниот регистар да се издигне на уште повисоко ниво. Сакам да истакнам дека во одредени помали Регионални канцеларии на Централниот регистар, каде што се забележани недостатоци, на заедничката средба со Министерот, договоривме да се изработи Акциски план, со мерки и активности за елеиминирање на истите, а тоа е она што ќе следи во перидот. Можам да кажам дека Централниот регистар досега има развиено доста електронски системи кои им овозможија на корисниците на услугите на поедноставен и побрз начин да ги добијат информациите кои ги нуди Централниот регистар и истите наидоа на доста позитивни критики од страна на граѓаните и бизнис заедницата, тука можам да ги набројам: е-поднесување на годишна сметка, е-регистрација на правен субјект (доо,дооел и тп) и е-залог. Покрај овие електронски услуги, ги подобривме и унапредивме и шалтерските услуги и тоа преку развивање на Системот за Е-потврди, кој покрај елкетронската нарачка на документите, овозможува и нивно подигнување во хартиена форма од соодеветно избраната канцеларија, или во електронска форма дигитално потпишани од Централниот регистар. Исто така, сакам да истакнам дека Централниот регистар во континуитет ги спроведува и Прокетите од Владата на РМ, кои се реализираат преку Министерството за информатичко општество и администрација, како што се Проектот Граѓански дневник, Нема погрешна врата, Таен клиент и Оценија администрацијата – ,,Семафор”, кои секако придонесуваат во подобрување на условите за работа и постигнување на успеси. Имплементирањето на вакви проекти, не само што претставуваат поттик и напревар меѓу институциите, туку и придонесуваат за преземање на низа мерки за елиминација на недостатоците детектирани во институциите, а можам да кажам дека Централниот регистар и во иднина ќе продолжи да работи со брзо темпо, теженеејќи кон достигнување на уште поголеми резултати.
Како една од последните новини на Централниот регистар беше пуштањето во употреба новиот електронски систем за Е– залог. Дали може да ни кажете нешто повеќе околу тоа?
– На 22 јуни, оваа година, Централниот регистар го промовираше проектот Е-залог, кој е дел од Програмата на Владата на РМ и претставува нова електронска услуга на нашата институција и тоа во делот на Заложниот регистар. Овој проект, е проект на Владата на РМ, како дел од втората фаза на едношалтерскиот систем, поточно, компонента 3, а истиот е финансиран од страна на Светска Банка.Сакам да напоменам дека овој систем е во соработка со Нотарската комора на Република Македонија и овозможува поедноставување на процедурите за регистрирање залог, можност за избор за преземање потврда за упис во хартиена или електронска форма, можност за избор на контакт канцеларија , како и електронско плаќање на надоместокот. Сега, целокупната потребна документација за да се изврши уписот, нотарите ќе ја достават до заложниот регистар скенирана и само во електронска форма, со што видно се забрзува целата постапка, а сетоа тоа значи намалување на административните бариери, заштеда на време и средства. Користењето на вака дизајнираниот систем ќе обезбеди повеќе време во корист на квалитетот на работата, односно намалување на грешките и недостатоците на минимум при внесување на податоците, а со тоа и поквалитетна услуга за пошироката јавност заснована на заедничката работа на професионалната заедница како корисник на овој регистар и на вработените во Централниот регистар на Република Македонија. Сакам да истакнам дека постојниот начин на поднесување во хартиена форма сеуште останува, а со воведувањето на е-залогот се овожможува целата постапка да се одвива по електронски пат, без потреба од физичко присуство, само со примена на дигитални сертификати како средство за идентификација на подносителот. Веќе во втората половина на месец август, оваа година, планирани се истот така обуки на нотарите од страна на претставници на Централниот регистар, чија цела е нивно подобро запознавање со работата на овој систем.
Пред неколку дена во Службен весник на РМ, беше објавена Одлука за давање согласност за изменување и дополнување на Тарифата на Централниот регистар, Ќе може ли поконкретно да објасните за какви измени станува збор.
– Да, точно е дека пред неколку дена во Сл.весник на РМ, беше објавена Одлука за давање согласност за изменување и дополнување на Тарифата на Централниот регистар и тоа како резултат на барањта на бизнис заедницата. Накратко ќе Ви појаснам за што се работи. Како што веќе знаете, минатата година со изменувањето и дополнувањето на тарифата на Централниот регистар, во месец Декември, се воведе скалабилна тарифа, и тоа по примерот на неколку европски држави и земји од светот, заради воспоставување на дисциплина на обврзниците за поднесување на годишни сметки, кои плаќаат надомест доколку навреме не поднеле годишна сметка на субјектот, односно доколку поднеле по законски предвидениот рок, кој расте од период до период се до крајот на годината. Сега, ова намалување на тарифата кое го споменавте, се однесува само на ненавремено поднесена годишна сметка и тоа само во електронска форма, односно со поднесување на годишната сметка по законски предвидениот рок, со што се намалува за 50 отсто во однос на хартиеното поднесување. Тој распон од 50 отсто се движи се до крајот на годината. Исто така, по барање на бизнис заедницата, се воведоа нови тарифни ставки во делот на збирните податоци, поточно нова тарифна ставка за сите обработени годишни сметки за една година. Кога сум кај дополнувањата, сакам да истакнам дека во тарифата има и допонување во делот на Регистарот на задолжници, односно имаме воведено три нови тарифни ставки и тоа: Поединечен податок, Информација од регистарот на задолжници и Историјат на задолжница. Тарифата, како што претходно напоманав е објавена на веб страницата на Централниот регистари секој може да ја види и да се запознае со новите измените и дополнувања.
Може ли да ни кажете и нешто повеќе за имплементацијата на модулот Е-аукција, што се совозможува и кои се придобивките од истиот?
– Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за стечај е предвиден методот на електронска продажба на имотот од стечајната маса.Централниот Регистар веќе изврши надградба на Системот за електронско водење на стечајни постапки, со што воедно преку системот се овозможува и електронска аукција – продажба на имотот од стечајната маса на правни субјекти во стечај, согласно Законот за стечај.Во Законот е предвидено продажбата на имотот од стечајната маса да се врши по пат на електронска продажба со јавно надавање. Право на учество во продажбата имаат учесниците кои ќе уплатат депозит или ќе достават банкарска гаранција во висина од 10% од вредноста на имотот кој е предмет на продажбата. Преку имплементацијата на овој модул, се овозможува, ефикасна продажба на предмети-имот од стечајната маса на субјектите, економичност на постапката и скратување на времетрањето на продажбата, електронска комуникација помеѓу корисниците, пребарување на предмети од интерес, односно информациите за продажба на предметот ќе бидат достапни до пошироката јавност во било кое време. Сакам накратко да истакнам дека во месец април, направена е операционализација на законската одредба за електронска продажба на имот од стечајна маса, при што на истиот датум успешно е реализирана и првата електронска продажба на имот и досега преку системот за Е-аукција реализирани се вкупно 308 електронски продажби на имот од стечајната маса.
Во последниов период доста актуелни се регистрационите агенти, како подносители на пријави за упис на основање на фирми. Може ли да излезете со статистика, колку има вкпуно поднесени пријави за упис на основање, од моментот на стапувањето на сила на измените на Законот на трговски друштва односно од 04.март годинава па до досега?
– Од моментот на стапувањето на сила на измените на Законот на трговски друштва, од 04. 03.2014 со кој се воспостави целосна електронска регистрација на доо, дооел и тп, а доесга поднесени се вкупно 328 пријави за упис на основање на тп, 329 пријави за упис на основање на доо и 2071 пријави за упис на основање на дооел. Централниот регистар во континуитет одржува обуки со сметководителите од цела држава и до сега одржани се вкупно 22 обуки за користење на Системот за е-регистрација, на која присуствувале вкупно 808 овластени сметководители, односно сметководители. За вршење на дејноста “регистрационен агент” на целата територија на државата издадени се вкупно 348 овластувања, а во процес на одобрување се 160 барања за добивање на ова овластување, согласно условите предвидени во Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и Правилникот за издавње на овластување ,,Регистрационен агент” . Со овој Правилник се определуваат кадровските, техничките и организациските критериуми кои се неопходни за добивање на овластување “регистрационен агент”, формата и содржината на барањето за добивање на овластување, формата и содржината на овластувањето, постапката за издавање и одземање на овластувањето, како и други одредби од значење за вршење на работата на регистрациониот агент. Исто така, сакам да истакнам дека во тек е спроведувањето на проектот Самовработување, кој поддржува регистрација и формализација на мали бизниси, пред се регистрација на трговски друштва, односно друштво со ограничена одговорност (ДОО), друштво со ограничена одговорност основано од едно лице (ДООЕЛ) и трговец поединец (ТП). Овој проект е на Владата на Република Македонија, а се реализира преку Централниот регистар во соработка со АВРМ и УНДП и во текот на изминатa годинина извршени се уписи на над 900 субјекти. Со проектот за оваа година треба да се обезбеди регистрација на околу 900 субјекти на упис, а најголемиот дел од нив ќе се одвива електронски. Првиот циклус од проектот Самовработување опфати регистарција на околу 530 субјекти на упис. Овој проект до сега тече без тешкотии и се спроведува во најдобар ред.
Колкав е бројот на вкупно поднесени пријави за упис на основање на фирми од моментот на добивање на првото овластување за регистрационен агент, односно во периодот од 14.август минатата година па се до денес?
– Од моментот на добивање на првото овластување за регистрационен агент, односно од 14.08.2013 година, до сега, преку Системот за е-регистрација поднесени се вкупно 3.161 пријави за упис на основање на фирми, односно за друштво со ограничена одговорност (ДОО) се поднесени 364, за друштво со ограничена одговорност основано од едно лице (ДООЕЛ), вкупно 2.432 и од трговец поединец поднесени се 365 пријави. Ако имаме во предвид дека годишно има од 6 до 7 илјади основања, тоа значи дека споредебено со месец март, за период од 4 месеци, има околу три илјади основања, што може да се забележи дека нема намалување во однос на основања на субјекти. Сакам да истакнам дека Системот за е-регистрација функционира одлично без никакви тешкотии, а со неговото воведување се олесни целата постапка, односно регистарција без физичко присуство, со намалени трошоци и време.
Кои се идни планирани прокети на Централниот регистар?
– Во иднина централниот регистар ќе спроведува нови вакви мерки и иновации, Како еден од идните прокти на Централниот регистар е предвидена и Фер правична распредлба на стечајните постапки, каде што во согласност со Законот за изменување и дополнување на Законот за стечај е предвидено Изборот на стечајниот управник да се врши според методата на електронско избирање од листата на стечајни управници. Со методот за електронско бирање на стечајни управници ќе се овозможи поголема транспарентност во изборот на стечаен управник, рамноправна и фер распределба на стечајни предмети. Имено стечајниот судија именувањето на стечајните управници ќе го спроведува според методот на електронски избор, при што со овој метод задолжително ќе го избере стечајниот управник кој најмалку е ангажиран, т.е. повеќе нема да има можност стечајните предмети постојано да ги распрелува на еден ист стечаен управник .Соодветна надградба на софтверското решение за е-стечај кое го води Централниот регистар е веќе напрвена и во наредниот периот постојат реални можности да се пушти и овој проект. Проектот тендерско досие, исто така е планиран проект, кој всушност претставува имплементација на нов процес на издавање на пакет на документи – електронски потврди потребни за докажување на личната, професионалната и финансиската способност на економските оператори при учество на јавни набавки и нивна едноставна достапност, најпрвин до економскиот оператор, а понатаму до Комисиите за јавни набавки, при евалуација доколку економскиот оператор поднел понуда преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). Овој нов процес би го заменил постојниот каде економските оператори се должни сами да ги обезбедат потребните документи и истите да ги прикачат мануелно на системот, а воедно и да се грижат за нивно обновување на секои шест месеци согласно постојната законска регулатива.Проектот ќе опфати активности кои подразбираат надградби и модификации на постојните ИКТ системи на Бирото за јавни набавки и Централен регистар на РМ, измени и дополнувања на постојната легислатива и останати оперативни и административни активности кои директно или индиректно се поврзани со целокупниот процес.Успешната имплементација на проектот, ќе обезбеди значителни придобивки за учесниците во процесот на јавните набавки, пред се за економските оператори – потенцијални понудувачи во постапките за јавни набавки (особено за електронските постапки, а индиректно и за постапките кои се уште се водат во хартиена форма), но и за договорните органи, особено за комисиите за јавни набавки.
Друг предвиден проект на Централниот регистар е Системот за е-лизинг, кој исто така е дел од Едношалтерскиот систем 2 фаза, компонента 3. Во изминатиот период остварени се состаноци со повеќе лизинг компании и претставници од нотарската комора, каде што беа разменети повеќе предлози и идеи во врска со реализирањето на овој систем. Вакви средби ќе престојат и во иднина, со цел утврдување на конкретни активности околу отпработењето на овој систем. Централниот регистар веќе има изготвено софверско решение за овој систем, а самото отпочнување со работа на истиот значи и целокупниот процес да се спроведе преку интернет, без потреба од физичко присуство, само со примена на дигитални сертификати како средство за идентификација на подносителот.Значи, како што може да забележите Централниот регистар има предвидено многубројни активности изадачи, кои планираме да се оставрат во периодот кој следи, а успесите кои го следат Централниот регистар се само голем мотив за нас да продолжиме со работа, а се со цел овозможување на подобра бизнис клима и намалување на административните бариери.