Заев молчи- чија е оваа куќа во Грција?

Не е прв пат СДСМ да влегува во брутална политичка пресметка со медиум неосновано лепејки етикети, исто како што не е прв пат ваквото однесување да остане неосудено од ЗНМ и првиот човек Насер Селмани кој редовно е достапен за коментари за било која друга тема, пишува порталот Курир.

Во однос на самиот текст за кој реагира СДСМ, очигледно е дека си ја „ишкаат мувата од капата“.

Два дена по ред, СДСМ испраќа реакции на текстови објавени во КУРИР, каде ниту еднаш не одговори на нашите прашања и не најде ниту една реченица која може да се демантира. Од наша страна, професионално, демантите беа објавени. Единствениот одговор кој го добивме е дека Заев бил во Грција иако таа информација на јавноста веќе и е позната.

kuka1-500

Што кријат Заев и СДСМ?

Поминаа точно 24 часа од кога Курир се обрати до портпаролот и до првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, за тоа каде летува во Грција, но не добивме конкретен одговор.

kuka2-500

Курир го пренесе само она што се говори низ матичниот град на Заев, Струмица, а што неретко како пракса се покажало за точно и вистинито, она што тие луѓе го знаат и зборуваат за нивниот градоначалник и прв човек на СДСМ.

Тоа најдобро може да се види во обелоденувањето на низа афери како што се доделување на тендери преку општината на блиски луѓе до Заев, на неговиот брат, братучеди, бизнис ортаци.

kuka3-500

Но, да се навратиме на суштината.

СДСМ и по сите наши обиди се уште на објавува каде бил Заев во Грција, во кој дел, дали се точни гласините од Струмица дека својот одмор го поминал во сопствена луксузна вила?

kuka5-500

Во истата смисла на која СДСМ се повикува на кривичниот законик, дополнета со новинарскиот и етичкиот кодекс, а поткрепена со правото граѓаните да ја знаат вистината, КУРИР го повикува СДСМ да се извини за невистините, навредите и етикетите содржани во нивното соопштение, дополнително да објаснат бидејќи Заев молчи, чија е оваа куќа во Грција, лоцирана непосредно до крајбрежјето на неколку десетина метри од морето?

kuka4-500