
Вчера во с.Думановце, кумановско во Горната Брана Глажња, Ј.О.(18) од с.Љуботен, скопско влегол да се капе во водата, при што се удавил-исчезнал во водите на езерото.
Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово.
Од страна на ЕСЗ-Специјална единица за нуркање извршено е пребарување во водата, но лицето не е пронајдено, а ќе се продолжи на 17.08.2014 година.