
Кумановката Ш.К. (58) вчера пријавила во полиција дека во два наврати на 12.08.2014 година, како и на 15.08.2014 година, нејзиниот син физички ја нападнал.
Тој ја удирал со тупаници и клоци по телото и главата, при што и нанел видливи повреди во пределот на главата.
При вториот напад, успеал да ја соблече и да и земе 200 евра.
На оштетената и е укажана лекарска помош во Медицински центар Куманово, каде се констатирани тешки телесни повреди во вид на фактура на главата и истата е пренесена во Клинички центар Скопје за понатамошно лекување.
По целосно докуметурање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.