
Синоќа по полноќ во Берово ред УО„Лајф’’ настанала тепачка помеѓу Р.К.(25) и И.Т.(30) од Штип во која истите се здобиле со видливи повреди по лицето и главата.
На лицата им е укажана лекарска помош во Здравствен дом Кочани, при што кај Р.К. се констатирани повреди во вид на набиеница на градниот кош и главата и поради карактерот на повредите ќе биде задржан на лекување во Здравствен дом Кочани.
И.Т. се здобил со тешки телесни повреди (скршеница и посекотина на носот) и по санацијата на повредите е пуштен на домашно лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.