
Диего Лопез, кој замина од Реал Мадрид со образложение дека не сака да ја „грее“ клупата бидејќи е најдобар во тимот, дебитираше на најлош можен начин за својот нов тим, Милан.
Милан загуби од Валенсија со 2:1 на пријателски меч одигран на „Местаља“, а веќе во 18-тата минута Лопез прими гол од речиси 40- метри, а овој гол беше дело на Пако.
Вториот гол за Валенсија го постигна Де Паула во 38-та минута, додека за Милан прецизен од слободен удар беше Јапонецот Хонда во 27-та минута.