
Гејџ Бушер, кој е вработен во супермаркет го воодушеви светот со својата постапка. Еден старец кој пазарел во маркетот не можел да го офати чевелот, па Гејџ се наведнал и му ги заврзал врвките од чевлите со насмевка на лицето.
Гејџ скромно ја искоментирал случката и рекол дека направил нешто што секој би го сторил во иста ситуација.
– Сакаше да ми даде пари, на фотографијата се гледа како се посегнува по својот паричник, но јас му реков дека нема потреба за тоа, додава Бушер.