Група ловци од американската држава Алабама славеа за рекорден улов на 4,5 метри долг алигатор, кој е тежок повеќе од 450 кила.
Како што пренесува АП, џиновскиот предатор е извлечен од вода на југот од Алабама во саботата пред пладне во текот на сезоната на лов на алигатори.
Стручни лица успеала да ја измерат неговата должина, но тежината ќе биде вистински предизвик.
Во првиот обид вагата се скршила поради тежината на животното, па биолозите морале да употребат багер за да го подигнат.
Овој алигатор е најголем кој е уловен некогаш во Алабама.
Него го уловиле Менди и Џон Стокс со помош на зетот Кевин Џенкинс и неговите две деца, Савана (16) и Паркер (14)