
Поликсена Илоска е добитниот на државната награда „Мајка Тереза“. Таа оваа награда ја добива за остварување во областа на хуманоста и човечката солидарност.
Наградата „Мајка Тереза“ се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 26 август.