
Група вооружени луѓе во неделата вечер во Париз го нападнала конвојот автомобили на амбасадата на Саудиска Арабија и украле 250 илјади евра и доверливи документи, пренесуваат француските медиуми.
Според првичните информации на француската полиција, никој не е повреден при нападот, а крадците успеале да избегаат.
Медиумите наведуваат дека неколку вооружени луѓе со пушки ги сопреле автомобилите и им се заканувале на патниците во возилата.
Парите и документите не се пронајдени, како ни крадците.