Откриена група во Бугарија која продавала бебиња

Во Бугарија разбиена криминална група која продавала новороденчиња. Криминалната група била откриена од Бугарската агенција за национална безбедност (ДАНС) во Софија.

Членовите на групата наоѓале трудници кои поради социјална состојба или со психолошки проблеми за финансиски надоместок биле подготвени да си ги продадат децата, соопштиле безбедносната агенција.

Според добиените информации криминалците претходно обебзедувале купувачи, најчесто семејства без деца во Бугарија и странство. Во групата имало и адвокат со задача да ја обезбеди неопходната документација за посвојување дете.

Најголемиот број на трудници со бугарско потекло биле сместени во буграска градинка во Софија.