
Кристијан, кој има само осум години е шампион во кик-бокс во Германија во категорија до 25 килограми. Со победата на најголемиот светски турнир во бразилско џиу џицу „НАГА“ од САД, кој се одржал на 24 – ти мај годинава, Кристијан стана првиот Македонец кој има победено на овој натпревар во категорија до 18 години.
Многу германски борци и тренери се заинтересирани за телентираниот Кристијан, но најголемата поддршка ја добива од својот татко кој што е каратист. Кристијан тренира 4 до 5 пати неделно во клубови во Германија, а негов личен тренер е татко му Ванчо Воденски.
Досега учествувал во 48 борби, според статистиката во 40 борби е победник, во 5 има изгубено и 3 борби завршиле нерешено. Наредниот период ќе се натпреварува во Париз и доколку победи и на тој натпревар ќе биде единствениот македонски натпреварувач со 2 титули во “НАГА” турнирите. Неговиот сон е да се стане светски шампион во УФЦ натпреварувањата. Идол на Кристијан е Џорџ Сент Пјер, канадски натпреварувач во УФЦ, мајстор на карате и бразилско џиу џицу.