
На граничниот премин Табановце запленети се 5 илјади медицински скалпели, при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин. Непријавените скалпели биле пронајдеи во картонска кутија, сместена во багажникот на возилото.
На аеродромот пак, Александар Велики, запленети се 30 пластични шишенца од 10 ml со течност за електронски цигари INNOVATION FLAVOURS со потекло од Бугарија.