
Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, неколкупати досега докажа дека ужива во добрата и квалитетна музика.
Најмногу, ги поддржува македонските изведувачи.
Така, во Охрид отиде да ужива и да му даде поддршка на најпознатиот џез музичар, Владимир Четкар, кој достоинствено за претставува Македонија на секаде низ светот.
Во негово друштво беа Борис Тадиќ, Зоран Јолевски, Никола Бакрачески, Виктор Мизо, но и младиот пејач, Даниел Кајмакоски.
Од фотографиите објавени на неговата Фејсбук страница, може да се види дека тие навистина уживаат.