
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, денеска ќе присуствува на доделување на решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Настанот како што најави министерството, ќе се одржи во општина Ѓорче Петров.
Во оваа општина досега се поднесени над 13.000 барања за легализација на дивоградби, а досега се решени околу 3.500.