Обединетите Арапски Емирати основаат банка во Србија

Извршниот одбор на Народната банка на Србија прелиминарно одобри основање на банка која ќе работи под името „Мирабанк“, акционерско друштво, Белград.

Основач на банката е дел од меѓународниот конгломерат познат како „Ројал група“, чие седиште е во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати, наведува НБС во соопштението.

Тоа е прва гринфилд инвестиција во српското банкарство уште од 2008 година.
„Ројал групата“ ја сочинуваат околу 80 мали, средни и големи компании, а вработува повеќе од 15.000 луѓе на меѓународно ниво.